Connect with us

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица и Брегалница се издвоија на табелата, реми на Кит Го и Тиквеш во дербито

Кит Го и Тиквеш ремизираа (1-1) во дерби пресметката од 16. коло во Втората лига – Исток. Брегалница лесно триумфираше на гостувањето против Победа во Прилеп, а Беласица иако долго се мачеше сосема заслужено стигна до триумф од 2-0 во пресметката против Питу Гули.

Кит Го, во тежок натпревар со многу тензија и борба на теренот, поведе со голот на Дарко Алексовски во 11. минута од средбата. Алексовски изведе слободен удар од левата страна од повеќе од 30 метри. Нафрли пред голот на гостите, топката не успеа да ја зафати ниту еден од фудбалерите во шеснаесетникот, незгодно отскокна и отседна под гредата од голот на Тиквеш. Но, кавадарчани успеаја да израмнат со голот на Методија Делов во 82. минута. По нафрлањето од левата страна, Делов на вториот дирек од неколку метри стрелаше за 1-1.

Фудбалерите на Брегалница дојдоа и до втората победа пролетва, активно продолжувајќи ја битката за првата позиција во Втората лига – Исток, славејќи со 0-2 на гостувањето против Победа во Прилеп.

Уште од самиот почеток беше јасно дека „сините“ безусловно тргнуваат на трите бода, па по неколкуте убави шанси погодокот следеше во 25. минута кога Пепи Ѓоргиев прецизено стрелаше за водство од 0-1. Во второто полувреме иста слика на теренот. Избраниците на Добринко Илиевски комплетно ја контролираат играта, па во 70. минута со голот на Дарко Додев, Брегалница веќе и води со 0-2.

Беласица до победата пред своите навивачи од 2-0 против Питу Гули дојде во самиот финиш со головите на Дејан Ангов од пенал во 79. минута и Благој Истатов во 83. минута.

Кожуф дојде до победа од 1-0 против Осогово со голот на Никола Костадинов од пенал во 43. минута.

Каменица Саса запиша убедлива победа од 3-0 против Плачковица, со головите на Горан Здравков во 29. минута, Марио Станковски во 60. минута и Ненад Нешковски во 72. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (16. коло, 14 ч.)
Беласица – Питу Гули 2-0
Кит Го – Тиквеш 1-1
Победа – Брегалница 0-2
Кожуф – Осогово 1-0
Каменица Саса – Плачковица 3-0

Standings provided by Sofascore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови