Connect with us

Втора лига: Гостивар сака да ја сопре Воска

Амбициозниот Гостивар на домашен терен денеска (15 часот) ја пречекува Воска Спорт во дербито на петтото коло од Втората лига. Ова е и единствен меч од второлигашка конкуренција закажан за денешниот ден.


Гостиварци би сакале да ја сопрат победничката серија на Воска.

„Се обидовме да го заборавиме поразот од Пелистер во Купот и се фокусиравме на мечот со Воска. Нашата желба е да победиме пред нашите навивачи и да се движиме самоуверено и цврсто кон нашата единствена цел, шампионатот. Имаме квалитет и сила за тоа“, изјави координаторот во стручниот штаб, Октај Дерелиоглу.

Воска Спорт е подготвена за предизвикот.

„Знаеме што значи дерби меч и подготвени сме. Ќе биде посебно за мене бидејќи ќе играм против поранешниот тим, но Воска сака успех и на овој натпревар“, изјави Ајрадин Цуцули од Воска.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови