Дербито на стадионот „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Шкендија Арачиново беше тензично и динамично, но заврши без голови (0-0). Двете екипи кои атакуваат на директна промоција во елитата понудија отворена игра со многу дуели и прекини, додека трибините создадоа солидна атмосфера. Сепак, и покрај интензитетот, мрежите мируваа.
По киксот во минатото коло и поразот од Кожуф, фудбалерите на Брегалница реагираа експресно. Против Вардар Неготино одиграа убедливо и славеа со 7-1, испраќајќи јасна порака дека остануваат сериозен фактор во борбата за врвот.
Значајни бодови во трката за ПМФЛ освои и Скопје, кој во дербито со Беласица триумфираше со 1-0. Отпорот на гостите беше скршен во финишот, кога искусниот Душко Трајчевски мајсторски погоди со петица и го реши натпреварот.
Амбициите за висок пласман ги одржува и Новаци, кој на домашен терен го совлада Кожуф со минимален резултат и освои важни три бода.
Поделба на пленот имаше во Големо Коњари, каде дуелот на двете екипи од долниот дел на табелата заврши 2-2. Натпреварот сепак ќе се памети по евроголот на Ѓорѓи Стрезовски, кој со прецизен удар од слободен удар од голема дистанца постигна еден од најатрактивните погодоци сезонава.
Во останатите средби, Детонит беше подобар од Тетекс со 2-1, додека Осогово славеше на гостувањето кај Преспа со минимални 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













