Connect with us

Втора лига: Дерби во Охрид – гостува Шкендија Арачиново

Лидерот го пречекува и второпласираниот тим на табелата во Втората лига. Пресметката меѓу Охрид и Шкендија Арачиново е супер-дерби на колото, но и можеби на целата пролетна полусезона.

На Автокоманда, ФК Скопје ја пречекува Беласица – дуел меѓу четвртопласираниот и петтопласираниот тим на табелата. Се очекува исклучително неизвесен и квалитетен натпревар, со оглед на амбициите на двата тима.

Брегалница на домашен терен го пречекува Вардар Неготино и за штипските „сини“ трите бода се императив. Секој друг исход би значел сериозен удар врз нивните амбиции во трката за врвот.

Победа гостува кај Саса, додека Новаци на свој терен ќе се соочи со Кожув.

Двојки Втора лига, денеска (14:00 часот)

Скопје – Беласица

Охрид – Шкендија Арачиново

Детонит Плачковица – Тетекс

Горно Коњари – Слога Виница

Брегалница – Вардар Неготино

Преспа – Осогово

Саса – Победа

Новаци – Кожув

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови