Connect with us

Втора лига: Дерби во Ѓорче, Пелистер под притисок, Работнички е фаворит против Еуромилк ГЛ

Третото коло од Втората фудбалска лига носи неколку интересни дуели, а најголемо внимание привлекува пресметката во Ѓорче Петров, каде што Македонија ЃП ќе го пречека Пелистер. Станува збор за дуел на две екипи кои минатата сезона беа дел од македонската елита, но не успеаја да обезбедат опстанок.

Битолскиот тим е можеби најголемиот фаворит според вложувањата и буџетот, но има разочарувачки старт на сезоната. По првите две кола, во кои двапати играше на домашен терен (еднаш во Кавадарци), Пелистер освои само два бода и сè уште нема победа. Нов неуспех денеска дополнително би го зголемил притисокот врз тренерот Борче Христов, кој би можел да се најде во незавидна ситуација.

Од друга страна, „лавовите“ со драстично подмладен состав влегоа многу подобро во сезоната. Македонија ЃП освои четири бода во првите две кола и со право се надева на нов триумф пред своите навивачи. Сите предуслови се исполнети за интересен и неизвесен дуел.

Работнички во Маџари ќе го пречека Еуромилк ГЛ и ја има фаворитската улога. Тимот од Дебар Маало во својот втор натпревар сезонава ќе се обиде да стигне до втората победа и да продолжи со добар ритам на стартот од првенството.

Од 16:45 часот денеска ќе се играат и натпреварите Брера – Камјани и Осогово – Новаци.

Програмата продолжува утре со уште три средби. Од 16:45 часот се играат Шкупи – Тетекс и Охрид – Кожув, додека во вечерниот термин, од 20 часот, Беласица во Струмица ќе го пречека Детонит.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА – 3. КОЛО (денеска, 16:45 часот)

Брера – Камјани
Македонија ЃП – Пелистер
Работнички – Еуромилк ГЛ
Осогово – Новаци

НЕДЕЛА (16:45 часот)
Шкупи – Тетекс
Охрид – Кожуф
Беласица – Детонит (20:00 ч.)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови