Работнички и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и со победи ги минаа двата одложени натпревари од второто коло во Втората лига.
Работнички стигна до трите бода на гостувањето кај Тетекс славејќи со минимални 0-1 на дуелот што се одигра во Јегуновце. Стрелец на голот беше Јован Бошнаков во 43.минута. Тимот од Дебар Маало, кој има амбиции за експресно враќање во елитата, го запиша четвртиот триумф во петтиот натпревар сезонава.
Охрид одигра сигурно на гостински терен и со 0-2 го совлада Детонит. Охриѓани долго го бараа патот до мрежата, но по паузата успеаја да го скршат отпорот на домаќинот и во вториот дел постигнаа два гола за заслужен триумф. Матески го отвори резултатот, а победата ја потврди Јахја.
Со новите три бода, Охрид се искачи на врвот на табелата. Тимот сега има бод повеќе од Пелистер, кој во минатото коло славеше во меѓусебниот дуел со охриѓани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













