Арсими направи голем исчекор кон историски успех во македонскиот фудбал, откако во дербито од Втората македонска фудбалска лига славеше над Брегалница Штип со 2-1 и се искачи на второто место на табелата, само три кола пред крајот на сезоната.
✅ Арсими – Брегалница 2-1
Тимот од Чегране ја искористи шансата и на домашен терен победи во директната пресметка со ривалот, додека конкурентот Башкими ремизираше 1-1 со Скопје, што беше идеален резултат за Арсими.
✅ Македонија ЃП – Борец 3-0
Македонија ЃП одигра сигурен натпревар и рутински го совлада Борец со 3-0, зацврстувајќи ја лидерската позиција. Со овој пораз, Борец и официјално се пресели во Третата лига, заедно со Вардарски, кој беше поразен од Новаци со 2-0.
✅ Беласица – Детонит Плачковица 1-2
Беласица разочара на домашен терен, губeјќи од Детонит Плачковица со 1-2, додека Каменица Саса освои значајни три бода пред своите навивачи совладувајќи го Вардар Неготино со 4-2.
Победа и Осогово ремизираа без голови.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













