Враќањето во игра на офанзивниот фудбалер на Арсенал, Каи Хаверц, ќе се одложи за уште околу еден месец, откако Германецот добил компликација за време на процесот на рехабилитација, пренесуваат медиумите на Островот.
Хаверц нема одиграно ниту минута уште од првиот натпревар на „топчиите“ во актуелната сезона на Премиер – лигата, дербито против Манчестер Јунајтед, добиено со 0-1 на „Олд Трафорд“, на кое го повреди коленото.
Потоа тој беше подложен на оперативен зафат, а првичните прогнози беа дека ќе се врати во составот за околу една недела. Меѓутоа, за време на последните тренинзи се појавил нов проблем, што наложил промена во распоредот за неговото закрепнување.
Во моментов, новата цел на медицинскиот тим на Арсенал е Хаверц да биде подготвен за приклучување во тимот во средината на јануари. Според британските медиуми, постои мала можност Германецот да биде на располагање за дербито со Ливерпул на 8 јануари, но пореално е сценариото неговото враќање да се случи на натпреварот од третото коло на ФА Купот против Портсмут, кој е закажан три дена подоцна.
Проблемите со повредите продолжуваат да го следат Арсенал и во текот на оваа сезона. Во тимот на Микел Артета веќе се вратија Виктор Ѓокереш, Нони Мадуеке, Габриел Жезус и Вилијам Салиба, но надвор од стројот, покрај Хаверц, остануваат Габриел Магалјаеш, Кристијан Москера, Бењамин Вајт и Макс Дауман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













