Фудбалскиот клуб Воска Спорт официјално го заврши своето учество во Првата македонска фудбалска лига, откако не се појави на денешниот натпревар против Брера во Струмица, во рамките на 29. коло.
Ова е втор пат оваа сезона Воска Спорт да не одигра натпревар, по напуштањето на дуелот против Вардар во Охрид (1-1), што согласно пропозициите автоматски значи испаѓање во најнизок ранг на натпреварување.
Клубот преку своите официјални канали на социјалните мрежи веќе најави ваков развој на настаните, потврдувајќи дека се откажува од понатамошно учество во елитната конкуренција.
Претходно, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го казни клубот со одземање на девет бодови по инцидентот со Вардар (напуштање на натпревар), а претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодијан Абри добија двегодишна суспензија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













