Новиот второлигаш Воска Спорт во својата прва сезона во Втората лига Запад успеа да го освои второто место и ќе игра во баражот за пласман во елитата. По ремито во Кратово против Силекс (1-1) охридскиот тим се пласираше на втората позиција.
Не изостанаа и провокациите кон Вардар, кој остана на третото место и покрај победата (1-2) над Кораби во Дебар. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Воска го покажаа дресот со број „2“, алудирајќи на освоената позиција.
Претходно, претседателот Нефи Усеини, кој за брзо време оформи силен тим, беше фрлан во воздух на рацете на фудбалерите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski