Connect with us

“Воена состојба” во Атланта, Аргентина и Англија не се ни обидоа да играат фудбал

Наместо фудбалска убавина, гледаме вистинска тактичка и физичка војна на теренот на „Мерцедес-Бенз“ стадионот во Атланта. По првите 45 минути од големото полуфинале, мрежите сè уште мируваат (0-0), а влогот е огромен — билет за големото финале на Мундијалот каде веќе чека моќната Шпанија.

​Борбата за секој педа трева донесе неверојатна нервоза и статистика која ретко се гледа на вакво ниво.

Во првиот дел беа досудени дури 19 фаули (12 за Англија и 7 за Аргентина). Секоја креативна акција беше „сечена“ уште во зародиш со остар старт.

За првпат во историјата на Светските првенства (откога во 1966 година почна да се води детална статистика), во првите 30 минути од еден меч не беше упатен ниту еден единствен удар кон двата гола.

​До заминувањето на одмор, двата тима успеаја да испратат само по еден срамежлив и непрецизен шут, па чуварите на мрежата буквално немаа потреба од интервенција.

​Второто полувреме ветува уште поголема тензија. Останува да видиме кој прв ќе ги „отвори картите“ и ќе ризикува во битката за финалето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови