Експедицијата на Шкендија пристигна во Шкотска, каде што утре од 21 часот ќе го одигра првиот натпревар против Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Тетовци отпатуваа со чартер-лет кон Островот, а по пристигнувањето беа пречекани според вообичаените протоколи за европските натпревари.

Вечерва македонскиот претставник ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот на Хиберниан, каде што стручниот штаб ќе ги направи последните подготовки пред важниот европски предизвик.
„Пристигнавме во Шкотска, позитивно е дека патувавме со чартер. Добро е што еден клуб што е како Шкендија, ни овозможи да патуваме до дестинацијата со чартер. Во очекување сме на првиот тренинг, видовме дека временските услови не се како во Македонија, но спремни сме. Шкендија секогаш оди на позитивен резултат, ни следи првата средба со Хибернијан. Мора да сме претпазливи, но секогаш играме на позитивен резултат. Момците се спремни, сите сме спремни и дај Боже на крај да дојдеме до целта која сите ја сакаме. Сметам дека првиот меч нема да реши ништо, туку реваншот во Скопје. Но ние концентрирани сме само на првиот дуел во Шкотска, да ги оствариме нашите замисли“, изјави Зејнулаи.
Во Шкотска временските услови се далеку поповолни за фудбал во моментов. Од преку 40 степени Целзиусови во Тетово, играчите на Шкендија добија добро освежување, со оглед дека таму температурата е околу 16 степени Целзиусови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













