Connect with us

Во продажба се билетите за мечот Словенија – Македонија по цена од 1600 денари

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека од денеска во продажба се билетите за гостинскиот натпревар на македонската А репрезентација против Словенија во рамките на новиот циклус од Лигата на нации. кој ќе се одигра во Љубљана. Билетите се пуштени во продажба преку официјалната платформа на ФФМ eticket.ffm.mk.

Дуелот меѓу Словенија и Македонија е закажан за 29 септември 2026 година на стадионот „Стожице“ во Љубљана, со почеток од 20:45 часот.

За македонските навивачи е обезбеден посебен сектор, а билетите за гостинската трибина веќе се достапни по цена од 1.600 денари.

Очекувањата се дека билетите за македонскиот сектор брзо ќе бидат распродадени, особено поради големиот број македонски иселеници кои живеат во Словенија и регионот.

Овој натпревар ќе следи само три дена по домашниот дуел со Швајцарија. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски на 26 септември ќе ја пречекаат Швајцарија, а потоа ќе отпатуваат за Љубљана на вториот натпревар од циклусот.

Пред македонските репрезентативци е исклучително важен септемвриски период, а поддршката од трибините ќе биде еден од значајните фактори во двата натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови