Connect with us

Во отказот на Мареска замешал прсти и Манчестер Сити

Само неколку минути откако официјално беше објавено дека Енцо Мареска повеќе нема да биде тренер на Челси, во англиските медиуми се појавија информации дека, покрај резултатите, постојат и други причини за отстранувањето на стручњакот.

Според одредени шпекулации, Енцо Мареска водел преговори со Манчестер Сити уште пред да биде отпуштен од Челси.

Како што наведуваат англиските медиуми, клубот и агентот Жорге Мендеш од синоќа работеле на план за заминувањето на Мареска. Раководството на Челси едногласно одлучило дека се потребни промени.

Еден од главните проблеми биле несогласувањата меѓу Енцо и медицинскиот штаб на „сините“. Претставниците на Челси инсистирале одлуките поврзани со оптоварувањето и зачувувањето на здравјето на фудбалерите да се носат независно од тренерот, при што тој немал право на збор по овие прашања.

Од своја страна, Мареска чувствувал „недостаток на заштита“ од страна на клубот, што довело до тензии во односите со сопствениците.

Италијанецот не се појави на прес-конференцијата по натпреварот со Борнемут (2-2), со изговор дека е болен, но како што веќе беше објавено, всушност не сакал да зборува со медиумите бидејќи размислувал за својата иднина.

Во информациите се тврди и дека Манчестер Сити и Мареска веќе одржале неколку рунди преговори, што било изненадување за многумина во раководството на Челси. Некои сметале дека Италијанецот е одвлечен од актуелната работа. Претходно беше објавено дека „граѓаните“ ја разгледуваат можноста да го ангажираат Енцо во случај на заминување на Пеп Гвардиола.

Дополнително, во лондонскиот клуб се загрижени од фактот што екипата има загубено 20 бодови во Премиер – лигата и Лигата на шампионите во натпревари во кои водела во резултатот. Во раководството сметаат дека тоа може да биде показател за недоволна психолошка стабилност кај играчите.

Челси не планира да го менува моделот на игра. За наследник на Мареска се споменуваат неколку кандидати, меѓу кои и Лијам Росениер, кој моментално е тренер на Стразбур.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови