Connect with us

Во Наполи се задоволни од игрите на Хојлунд и целосно ќе го откупат во јуни

Раководството на Наполи е целосно задоволно од настапите на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд и не гледа ризик за неговата иднина во клубот, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Според изворот, раководството сè уште има целосно доверба во играчот, како врз основа на прикажаното ниво, така и заради потенцијалот за понатамошен напредок. Клубот истакнува дека односот кон Хојлунд останува непроменет: ниту раководството, ниту стручниот штаб немаат сомнежи во данскиот фудбалер и сметаат на него и на краткорочен, и на долгорочен план.

Позајмицата на Хојлунд е до крајот на тековната сезона. Наполи има обврска да го откупи 22-годишниот напаѓач доколку се исполнат одредени услови. Данецот од почетокот на сезоната има одиграно 19 натпревари за италијанскиот клуб, постигнувајќи седум голови и забележувајќи три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови