Посебно внимание привлече навивачкиот марш што беше организиран во петокот во Сан Франциско. Иако катарските медиуми го претставија како спонтан израз на поддршка за репрезентацијата, се појавија информации дека работите не биле баш такви.
Катар вечерва во 21 часот го започнува својот настап на Светското првенство 2026. Истата земја беше домаќин на Мундијалот во 2022 година и тогаш за првпат настапи на светската сцена, додека овојпат пласманот на завршниот турнир го обезбеди преку квалификациите.
Пред четири години Катар беше под лупа на меѓународната јавност поради обвинувањата поврзани со човековите права, положбата на работниците мигранти и односот кон ЛГБТК+ заедницата. Поради тоа организацијата на тоа првенство често се посочуваше како пример за таканаречено „спортско перење на имиџот“, односно користење на спортот за подобрување на меѓународниот углед на државата.
На годинашното Светско првенство Катар се наоѓа во група со Швајцарија, Канада и Босна и Херцеговина. Со цел репрезентацијата да има силна поддршка од трибините, Катарската фудбалске федерација и државниот фонд ДААН организираа доаѓање на околу илјада навивачи во Северна Америка, покривајќи им ги трошоците за превоз, сместување и локален транспорт.
За навивачите беше обезбедено сместување во повеќе хотели во Сан Франциско, Ванкувер и Сиетл, а во проектот беа вклучени и членови на навивачката иницијатива „Maroon Stand“, како и катарски студенти кои живеат во САД и Канада.
Дополнително внимание привлече токму маршот на навивачите во Сан Франциско. Иако катарските медиуми го претставија како спонтан чин на поддршка, се појавија информации дека за навивачите сместени во одредени хотели учеството било задолжително.
Ова тврдење дополнително го поттикна објавата на катарскиот инфлуенсер Абдула Ал Гафри, кој на социјалните мрежи сподели леток на арапски јазик. Во него било наведено дека присуството на маршот е задолжително за навивачите сместени во хотелите во центарот на Сан Франциско, додека за оние кои престојувале во Санта Клара учеството било доброволно.
Сепак, официјалните катарски извори нагласуваат дека целта на ваквите активности е да се обезбеди дополнителна поддршка за репрезентацијата, да се претстави катарскиот фудбал во позитивно светло и да им се помогне на играчите да остварат што подобар резултат на турнирот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













