Раководството на Јувентус одбива да се помири со поразот од 2-3 против Интер синоќа и продолжува целата вина за поразот да ја насочува кон судењето. „Бјанконерите“ цело второ полувреме играа со играч помалку поради вториот жолт картон на Пјер Калулу, кој беше покажан по наводна симулација на Бастони.
Клубот од Торино инсистира на итни промени во користењето на ВАР-системот за да не се повторуваат вакви, според нив, неправедни одлуки.
„Очигледно е дека како клуб го сметаме овој ден за срам. Тоа што се случи е понижувачко. Не смее да се повторува, а се случува одново и одново. Оваа вечер беше квинтесенција на сè што видовме оваа сезона. За натпревар од ваков ранг, пред очите на целиот свет, ова е едноставно срамно.
Не, не разговаравме со судијата Ла Пена по натпреварот. Многу е тешко да се прифати ваква неправда, навистина тешко. Мораме да кажеме нешто. На играчите им реков дека беа одлични, се бореа храбро, но не мислам дека можеме да зборуваме за фудбал. Тренерот е исклучително разочаран и вознемирен. Ова е апсолутно неприфатливо“, изјави генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.
Сличен став изрази и директорот за фудбалска стратегија на клубот и поранешен капитен Џорџо Киелини.
„Невозможно е да се зборува за фудбал кога се случило нешто толку неприфатливо. ВАР-системот мора да се промени уште од утре. Недозволиво е натпревар од ваков калибар да нема соодветно судење. Потребни се итни промени, тие не смеат да се одложуваат, како што премногу често се случува во италијанскиот фудбал.
Од почетокот на годината сите потенцираме дека Серија А нема адекватна структура. Не знам дали станува збор за недостаток на професионализам или за лоша обука на судиите, но вака не може да продолжи. Италијанското дерби не смее да биде решено на ваков начин. Невозможно е да се зборува за фудбал по ваков натпревар“, порача Киелини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













