Во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед се надеваат дека капитенот Бруно Фернандеш ќе биде целосно опоравен од повредата за дербито со Манчестер Сити, кое е закажано за 17 јануари, како дел од 22. коло од Премиер – лигата.
Според англиските медиуми, очекувањата се дека португалскиот интернационалец ќе пропушти вкупно пет натпревари – четири во првенството и еден во ФА Купот.
Бруно Фернандеш заработи повреда на мускулот за време на натпреварот против Астон Вила, кој Јунајтед го загуби со 1-2. Тој беше заменет на полувремето, но подоцна се покажа дека повредата не е толку сериозна како што се мислеше на почетокот.
Во тековната сезона, португалскиот интернационалец има одиграно 17 натпревари во Премиер – лигата, постигнувајќи пет гола и забележувајќи две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













