Connect with us

Во Хрватска е уапсен Дарио Шимиќ

Во голема полициска акција во Хрватска е уапсен познатиот поранешен хрватски фудбалер Дарио Шимиќ, како и Неда Ливљаниќ, поранешна раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија.

Постои сомнение дека Шимиќ, преку Ливљаниќ, незаконски ги добил потребните дозволи за изградба на камп. Ливљаниќ и претходно била притворена поради слични обвиненија.

Шимиќ во својата богата фудбалска кариера настапуваше за Динамо Загреб, а потоа се пресели во Интер. Најголема трага остави во дресот на Милан, по што играше и за Монако, а во 2010 година повторно се врати во Динамо Загреб.

За репрезентацијата на Хрватска одигра точно 100 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови