Работнички го декласира есенскиот лидер во Втората лига, тимот на Охрид, со неверојатни 8-2 на денешниот пријателски натпревар што се одигра на игралиштето на Локомотива во Скопје. Зачудувачки многу голови беа постигнати на овој натпревар, а Охрид одигра многу, многу слабо, дури и непрепознатливо, ако се знае дека се работи за најдобриот тим во второлигашката конкуренција.
Неофицијално, во ФФМ е пристигната пријава дека на овој натпревар охриѓани одиграле и „матно“. Има сомнежи дека дел од головите се примени и без максимално залагање на фудбалерите на Охрид.
Во обложувалниците се забележани и големи влогови на одредени периоди од натпреварот, и тоа токму на постигнување на многу голови. Наводно, и влогот бил голем, околу 70.000 евра.
Дали ФФМ можеби ќе поведе и постапка за овој пријателски натпревар, како и за уште неколку други од овие зимски подготовки, на македонските клубови од Првата и Втората лига? Се очекува и официјален став на ФФМ по ова прашање.
Мора да се напомене дека Работнички како клуб, воопшто не е вплеткан во ваквите „матни игри“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













