Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Грозданоски е нов асистент на селекторот Благоја Милевски во младата репрезентација на Македонија.
Грозданоски е именуван во стручниот штаб на селекцијата до 21 година, на местото на Звонко Златановски кој сега ќе биде дел од Академијата на ФФМ. Досега прославениот македонски фудбалер беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата до 19 години.
Македонските надежи, по подолг период, во недела ги очекува првиот репрезентативен собир како дел од подготовките за продолжението на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Македонија на 3. септември на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













