Connect with us

Влаховиќ побарал трансфер во Реал, и тоа до крајот на денот

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ инсистира на заминување од Јувентус во последниот ден од зимскиот преоден рок. Тој наводно побарал од својот агент да се обиде да му реализира трансфер во Реал Мадрид.


Влаховиќ нема инспирација во Јувентус откако клубот е казнет со 15 бода поради финансиски малверзации и нема да игра во Европа следната сезона. Поради ова се очекува егзодус на фудбалерите од Јувентус, а Влаховиќ веќе потегнал нога за заминување.

Реал Мадрид објави дека нема да купува нови фудбалери оваа зима, а и Јувентус тешко ќе прифати со оглед дека се повреди Милик. Сепак, можно е Флорентино Перез да реагира доколку ова му се види како добра можност.

Влаховиќ би дошол како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за откуп на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови