Connect with us

Влаховиќ од следната сезона се сели во Премиер – лигата

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е сè поблиску до заминување од Јувентус, а според последните информации неговата следна дестинација треба да биде англиската Премиер – лига.

Откако пропаднале преговорите за продолжување на договорот со „старата дама“, 26-годишниот голгетер започнал потрага по нов клуб. Иако во изминатиот период беше поврзуван со Барселона, Милан и Интер, најреална опција во моментов е преселба на Островот.

Според англиските медиуми, Влаховиќ донел одлука да ја продолжи кариерата во најсилната лига во светот и е подготвен да ги одбие останатите понуди. Во трката за неговиот потпис се Челси и Тотенхем, но наводно лондонските „сини“ имаат предност. Челси го гледа Србинот како поквалитетна и посигурна опција во нападот во однос на Лијам Делап.

Преговорите со Јувентус биле прекинати уште пред неколку месеци, откако клубот од Торино предложил намалување на неговата плата, која изнесува околу 12 милиони евра годишно. Влаховиќ не се согласил со тие услови, што практично ја затворило вратата за нов договор.

Интерес покажал и Интер, но во моментов се чини дека англиските клубови се најконкретни. Финансиската моќ на премиерлигашите им овозможува да ги исполнат високите барања на српскиот репрезентативец.

Влаховиќ пристигна во Јувентус пред четири години од Фиорентина за 84 милиони евра. Иако имаше блескави настапи, многумина сметаат дека не ги оправда целосно очекувањата. Во дресот на „бјанконерите“ одигра 162 натпревари, постигна 64 голови и запиша 16 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови