Connect with us

Влаховиќ донесе клучна победа на патот на Јувентус кон ЛШ (ВИДЕО)

Јувентус освои огромни три бода во битката за пласман во Лигата на шампионите, откако минимално со 0-1 славеше на гостувањето кај Лече во 36. коло од Серија А.


Тимот на Лучијано Спалети можеби не одигра спектакуларен натпревар, но ја заврши задачата и направи важен чекор кон место меѓу европската елита следната сезона. Со оваа победа, „старата дама“ сега има бод повеќе од Милан и четири предност во однос на Рома, иако конкурентите имаат натпревар помалку.


Решавачкиот момент се случи уште на самиот старт. Се играше само 11. секунда кога Душан Влаховиќ одлично се снајде во казнениот простор, ја смири топката и прецизно погоди за рано водство на Јувентус.


Српскиот напаѓач подоцна уште еднаш ја затресе мрежата во 48. минута, а погодок постигна и Пјер Калулу, но во двата случаи ВАР реагираше и головите беа поништени поради офсајд.


И покрај тоа, Јувентус без поголеми проблеми ја сочува минималната предност и стигна до победа што може да се покаже клучна во трката за Лигата на шампионите.


За Лече, пак, борбата за опстанок продолжува, а бодови за спас ќе мора да бара во преостанатите натпревари против Сасуоло и Џенова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови