Душан Влаховиќ сè уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но сега пред него се појави понуда која тешко се одбива. Турскиот гигант Бешикташ сериозно тргна по српскиот голгетер и му понуди огромен договор.
Откако во текот на денот се појавија информации дека Влаховиќ би можел да заврши во Атлетико Мадрид, пристигна нова вест од Италија. Според „Газета дело Спорт“, Бешикташ веќе контактирал со таткото на напаѓачот, Милош Влаховиќ, и му претставил исклучително богата понуда.
Турскиот клуб на 26-годишниот напаѓач му нуди четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра.
Но, тоа не е сè.
Доколку Влаховиќ го прифати предлогот, би добил и дополнителни 10 милиони евра бонус, што значи дека само од договорот би можел да заработи најмалку 40 милиони евра.
Сепак, српскиот репрезентативец сè уште не дал одговор. Во Бешикташ се надеваат дека ќе добијат позитивен сигнал, но Влаховиќ има свои финансиски барања.
Според „Газета дело Спорт“, напаѓачот во последната сезона во Јувентус заработувал околу 12 милиони евра, а неговата желба е да продолжи со слични примања. Поради тоа, во следниот период ќе се разговара и за дополнителните бонуси, преку кои Турците би можеле да ја достигнат сумата што ја бара Влаховиќ.
Во прилог на Бешикташ оди и фактот што тимот го предводи Винченцо Италијано.
Италијанскиот тренер добро го познава Влаховиќ, бидејќи двајцата соработуваа во Фиорентина. Токму Италијано имаше значајна улога во развојот на српскиот напаѓач и добро ги познава неговите квалитети.
Влаховиќ во последната сезона во Серија А одигра 19 натпревари, постигна седум голови и запиша една асистенција.
Сега пред него е голема одлука. Атлетико Мадрид се споменува како опција, но Бешикташ му нуди услови кои би го направиле Влаховиќ една од најплатените ѕвезди во турскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













