Работнички на стартот од третиот круг во првенството го доживеа првиот пролетен пораз. Загуби на националната арена „Тодор Проески“ со 0-2, но и покрај тоа остана на петтата позиција на табелата со 32 бода.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека клучен момент на мечот најверојатно е неискористениот пенал на Никола Прелчец, а причина за поразот се неискористените шанси на Работнички.
„Од секој пораз треба да се извлече поука. Ако не ги искористите шансите, противникот сигурно ќе ве казни. Работнички создаде неколку шанси, но немавме реализација. Академија Пандев е квалитетен тим и знаеше тоа да го казни. Честитки за нивната победа. Мислам дека клучен момент беше нереализираниот пенал на истекот од првото полувреме. Тоа на гостите им влеа дополнителна самодоверба. Но, го оставаме поразот зад себе и веќе размислуваме за следниот меч, гостувањето во Струмица и дуелот против Беласица“, изјави Александар Влахо за официјалниот сајт на Работнички.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski