Connect with us

Владата на Саудиска Арабија со понуда до Бензема и Модриќ: Дојдете и бирајте клуб, плата 30 милиони евра

Лидерите на Реал Мадрид, Карим Бензема и Лука Модриќ, добиле ексклузивни понуди да играат во шампионатот на Саудиска Арабија, открива „Ел Мундо“. Предложени договори доаѓаат директно од владата на Саудиска Арабија и се во износ од 30 милиони евра, а целта е трансферите да се направат по завршување на сезоната.


Сепак, куриозитет е што во овој случај не се работи за конкретен клуб кој преговара со ветераните. Директната понуда стигна од владата на Саудиска Арабија, која им овозможува на Бензема и Модриќ да изберат за кој клуб ќе играат во саудискиот шампионат. Таму е веќе Кристијано Роналдо, кој е член на Ал-Наср.

На Французинот и на Хрватот им истекува договорот со Реал Мадрид на лето, но се очекува тие да бидат продолжени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови