Connect with us

Владата и АМС ќе го наградат Дејан Георгиевски за сребрениот медал на ЛОИ во Токио

Македонскиот херој од Олимписките Игри во Токио, Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо, ќе добие заслужена награда од Владата и од Агенцијата за млади и спорт.


Георгиевски ќе добие вкупно околу 30.000 евра, а неговоот тренер Дарко Костовски ќе биде награден со околу 10.000 евра.


„Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината тaеквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.


Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт“, се вели во соопштението на Владата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови