Европскиот првак Пари Сен Жермен ќе мора да се справи со две значајни отсуства пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Барселона, пренесува „Л’Екип“. Повредени се Португалецот Витиња и грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија.
Доколку медицинските прегледи потврдат повреди кај двајцата, тие нема да можат да настапат на дуелот против Барселона на 1 октомври (среда), а шансите тоа да се случи се сметаат за многу високи.
Во моментов, ПСЖ веќе има четворица играчи надвор од стројот: Осман Дембеле, Дезире Дуе, Маркињос и Жоао Невеш, кои сигурно ќе го пропуштат дуелот против каталонскиот тим.
Повредите на Витиња и Кварацхелија се случија во победата со 2-0 над Оксер во шестото коло на Лига 1. Португалецот го напушти теренот во 36. минута, додека Грузиецот беше заменет на полувремето.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













