Пари Сен Жермен потврди дека играчот од средниот ред Витиња е повреден по синоќешниот пораз на домашен терен од 1-2 против Лион, при кој се повреди во дуел со противничкиот напаѓач Ендрик. Поради тоа, тој беше принудно заменет од Варен Заир-Емери уште пред полувремето.
Португалскиот репрезентативец има воспаление на десната петица, а од клубот не соопштија колку долго ќе трае неговото закрепнување, туку само наведоа дека состојбата ќе биде повторно проценета кон крајот на неделата. Така, 26-годишниот фудбалер ќе го пропушти домашниот натпревар против Нант за два дена, а најверојатно ќе одмори и на гостувањето кај Анже, бидејќи полуфиналето во Лига на шампиони против Баерн Минхен е закажано за следниот вторник на „Паркот на принцовите“.
Луис Енрике е загрижен за повредата на Витиња, кој е еден од најкористените играчи оваа сезона. Тој има настапено во 45 натпревари во шест различни натпреварувања, со ефект од седум голови и десет асистенции.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













