Неколку часа пред четвртфиналната пресметка со Норвешка на Светското првенство, англиската репрезентација се најде во неочекувани здравствени проблеми. Под знак прашалник е настапот на Деклан Рајс, кој поради вирусна инфекција е одвоен од остатокот од селекцијата.
Фудбалерот на Арсенал, кој неодамна се мачеше и со повреди на коленото и грбот, не тренираше во изминатите два дена. Од Англиската фудбалска асоцијација веднаш реагираа и го ставија во изолација за да спречат евентуално ширење на вирусот меѓу останатите репрезентативци. Според последните информации, засега нема нови случаи во англискиот табор.
Но, здравствените проблеми не ја одминаа ниту Норвешка. Голманот Ерјан Ниланд потврди дека вирусот се проширил и во нивниот камп, поради што медицинскиот тим има дополнителна работа во пресрет на важниот натпревар.
„Да, точно е дека имавме неколку заболени играчи. Правиме сè за тие што побрзо да закрепнат, а нашиот доктор во моментов е постојано ангажиран“, изјави Ниланд.
Тој додаде дека засега не е познато како дошло до ширење на вирусот.
„Имавме неколку слободни часови, па можно е тогаш некој да се заразил. Сепак, веруваме дека до сабота сите ќе бидат подготвени и дека ќе излеземе на теренот со најсилниот состав против Англија“, порача искусниот голман на норвешката репрезентација.
Англија и Норвешка својот четвртфинален дуел ќе го имаат утревечер од 23 часот во Мајами.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













