Фудбалерите на Ливерпул запишаа победа од 2-1 против Вулверхемптон на „Енфилд“ во 18. коло од Премиер – лигата, продолжувајќи ја серијата на позитивни резултати, иако далеку од идеални настапи.
Тешко е да се каже дека кризата целосно е надмината, но четвртата последовна победа сепак навестува стабилизација, барем во резултатска смисла. „Црвените“ повторно покажаа слабости, особено при прекини, бидејќи уште еднаш примија гол по корнер, но овојпат успеаја мирно да го приведат мечот кон крај.
Натпреварот помина во знакот на Диого Жота, чија поранешна екипа гостуваше на „Енфилд“, а на трибините беше присутно и неговото семејство. Ливерпул двапати ја погоди рамката од голот преку Хуго Екитике и Алексис Мекалистер, додека Вулверхемптон беа најопасни преку расположеното крило Матеус Мане.
Подобрата игра домаќините ја крунисаа со водечкиот погодок, кога Џереми Фримпонг асистираше за Рајан Гравенберх, кој со убав удар ја затресе мрежата. Само една минута подоцна следуваше моментот што навивачите го чекаа цела сезона – Флоријан Вирц го постигна својот прв гол на „Енфилд“ по совршено додавање од Екитике, што предизвика вистинска еуфорија на трибините.
Во второто полувреме, по корнер за гостите, Алисон прво одбрани удар на Емануел Арокодаре, но на одбиената топка најбрз беше Сантијаго Буено, кој го намали резултатот. До крајот Вулверхемптон се обидуваше со долги топки да дојде до израмнување, но Ливерпул издржа и ги освои трите бода.
Во останатите натпревари, кризата на Борнмут продолжи. Тимот не знае за победа од крајот на октомври и доживеа убедлив пораз од Брентфорд (4-1) на „Комјунити“. Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ немаше среќа, бидејќи еден од головите беше запишан како автогол откако топката се одби од него. Кевин Шаде постигна хет-трик, додека Антоан Семенјо го даде почесниот гол за „вишничките“, можеби и последен во нивниот дрес.
Арсенал повторно се искачи на врвот на табелата по победата од 2-1 над Брајтон. Мартин Одегард со прекрасен погодок го отвори резултатот, а автоголот на Џорџинио Ритер ја зголеми предноста. Брајтон се врати преку Диего Гомез и имаше неколку одлични шанси, но Давид Раја со брилијантни интервенции го сочува триумфот на „Емирати“.
Фулам славеше минимално против Вест Хем во малиот лондонски дерби со голот на Раул Хименез во 85. минута, додека Барнли и Евертон одиграа натпревар без погодоци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













