Connect with us

Винисиус Жуниор жестоко казнет за влечењето за коса, во Реал сигурно ќе бидат бесни

Реал Мадрид се соочува со сериозен удар пред големото дерби со Барселона, откако Винисиус Жуниор доби суспензија од четири натпревари поради инцидентот на дуелот со Вилјареал.


Бразилскиот напаѓач беше исклучен поради влечење за коса на противнички фудбалер, а дисциплинската казна е построга од очекувањата во шпанските медиуми. Првичните прогнози беа дека Винисиус ќе паузира два или три натпревари, но конечната одлука предвидува четири меча надвор од теренот.


Поради суспензијата, ѕвездата на „кралевите“ сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Барселона. Покрај големото дерби, нема да настапи ниту на средбите со Севиља, Расинг и Валенсија.


Во таборот на Реал Мадрид се очекува незадоволство од ваквата одлука, а клубот најверојатно ќе поднесе жалба со надеж дека казната ќе биде намалена и Винисиус ќе се врати на теренот порано од предвиденото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови