Неизвесната ситуација околу иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид донесе и гласини за трансфер во клуб од Премиер – лигата.
Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид изгледа сè понеизвесна, а односите меѓу двете страни се на работ. Нови информации од Англија дополнително ја вжештуваат ситуацијата, откривајќи дека бразилската суперѕвезда сериозно ја разгледува можноста за преселба на Островот.
Според информациите, претставниците на играчот веќе стапиле во контакт со три клуба од Премиер – лигата. Поточно, ги информирале Манчестер Сити, Ливерпул и Челси за желбата на Винисиус да настапува во англиското првенство. Сега останува да се почека конкретен потег од клубовите кои имаат финансиска моќ за реализација на еден ваков супер-трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal













