Connect with us

Винисиус Жуниор: „Не сакам да играм на место каде што не ме сакаат“

Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, се соочи со огромни критики од навивачите на „кралскиот клуб“.

За време на победата над Леванте со 2-0, трибините на „Сантјаго Бернабеу“ го посочија Вини како главен виновник за отпуштањето на тренерот Чаби Алонсо и предводникот на клубот, Флорентино Перез. Кога неговото име беше најавено пред стартот на натпреварот, свирежите достигнаа 83 децибели — најмногу меѓу сите стартери.

Според шпанскиот „El Periódico“, по мечот Винисиус признал пред своите соиграчи дека размислува да го напушти клубот.


„Не сакам да играм на место каде што не ме сакаат“, рекол бразилскиот фудбалер, потресен од бурните исвиркувања од трибините.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови