Реал го победи тимот на Севилја со 2-0 на „Бернабеу“ во 18. коло од Ла Лига. Најмногу внимание по натпреварот привлекоа свирежите од навивачите насочени кон Винисиус Жуниор. Тој во седумгодишната кариера во Реал одигра 346 натпревари, постигна 111 голови и имаше 91 асистенција. Во овој период освои низа трофеи, меѓу кои најважни се две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.
На натпреварот против Севилја тој беше капитен, но навивачите се разочарани од неговото однесување за време на последната криза во клубот, кога Реал го загуби водството во Ла Лига.
Во тој период, Винисиус беше во конфликт со тренерот Чаби Алонсо, а навивачите јасно го покажаа своето незадоволство. Тие му свиркаа од почетокот на мечот па сè до 83. минута, кога тој беше заменет со Гонзало Гарсија.
🚨 Vini Jr. at the booes from the Bernabéu at the start of the match:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 21, 2025
“What do we do? What do I do? It’s the first play of the match… damn it!” @MMajeedX pic.twitter.com/wyXDjKTQkK
Снимки од свирежите на „Бернабеу“ покажаа како Винисиус реагирал на нив уште на самиот почеток.
„Што да направам? Ова е првата акција на натпреварот… по ѓаволите!“, изјавил тој кон клупата на Реал, очигледно шокиран од реакцијата на навивачите.
По завршувањето на мечот, разочаран од свирежите, Бразилецот брзо ја смени својата профилна фотографија на Инстаграм. Неколку минути по последниот свиреж, додека сè уште беше во соблекувалната, ја отстрани сликата со дресот на Реал и ја замени со фотографија од настап за бразилската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













