Драматичната победа на Реал Мадрид со 4-3 на гостувањето кај Рома беше одбележана и со интересна ситуација покрај аут-линијата. Тренерот на „кралевите“, Жозе Мурињо, не го криеше гневот по потегот на Винисиус Жуниор пред вториот гол на „волчицата“. Бразилецот несмасно ја загуби топката на средината од теренот, по што следуваше брза контра на домаќините, а набргу потоа беше заменет.
Клучниот момент се случи во 51. минута. Винисиус доби топка од Тибо Куртоа во централниот дел од теренот и се обиде со ефектно додавање со пета наназад, но неговиот потег заврши неуспешно. Фудбалер на Рома ја пресече топката и започна молскавичен контранапад, кој Дониел Мален го заврши со гол за 2-1 и водство на италијанскиот тим.
Реакцијата на Мурињо покрај теренот беше моментална. Португалскиот стратег демонстративно го повтори потегот со петата двапати, јасно покажувајќи го незадоволството од непромислената реакција на својот фудбалер.
Vinicius Jr salio enojado después de que lo sacó Mourinho… Jugó muy mal Vini, regaló el segundo gol y nisiquiera corrió a resolver su error. MUY merecido sacarlo hoy. https://t.co/Y8nz4IybGR
— MT2 (@madrid_total2) October 14, 2026
Винисиус ја забележа реакцијата на тренерот, погледна кон клупата и возврати со прашањето: „Јас ли?“, непосредно пред да биде повлечен од игра. При излегувањето од теренот, Бразилецот не го криеше незадоволството од одлуката.
И покрај победата на Реал Мадрид, Мурињо по натпреварот отворено го критикуваше начинот на кој неговиот тим го прими вториот гол.
„Потоа примивме гол каков што не смееме да примаме. Не можеме да правиме такви работи на средината од теренот“, изјави португалскиот тренер.
Тој се осврна и на реакцијата на Винисиус по замената, нагласувајќи дека е нормално еден фудбалер да биде незадоволен кога ќе биде повлечен од игра.
„Нормално е да праша зошто е заменет и нормално е да не биде среќен. Не ми се допаѓа кога потоа некој го прави она што го прават многумина – на пример, кога фрла или ја удира шишето со вода. Таквите работи очигледно не ги одобрувам.
Но, нормално е важен играч да чувствува незадоволство. По натпреварот, сепак, тој беше многу среќен поради победата на својот тим. За мене, тоа е најважно“, истакна Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













