Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму останува една од најактуелните теми на летниот преоден рок. Иако преговорите за продолжување на договорот се во тек, конечен договор сè уште нема.
Главната пречка се финансиските услови, бидејќи двете страни и понатаму имаат различни ставови околу висината на новиот договор. Сепак, за следната недела е закажана нова средба, на која ќе се обидат да најдат заедничко решение.
Додека Реал Мадрид и Винисиус преговараат, ситуацијата внимателно ја следи Арсенал. Лондонскиот клуб, според истиот извор, веќе подолго време работи на можноста да го ангажира бразилскиот репрезентативец, но тоа го прави далеку од очите на јавноста.
Во Арсенал се свесни дека евентуалниот трансфер би барал отстапување од досегашната клупска политика за плати. Затоа се подготвени да му понудат исклучително богат договор, кој би вклучувал висока годишна заработка, значителен бонус за потпис и посебен договор околу комерцијалните права за неговиот лик. Англискиот клуб испрати понуда вредна 145 милиони евра, од кои 135 милиони како фиксна сума и дополнителни 10 милиони евра преку бонуси.
Од друга страна, Реал Мадрид му понудил нов договор вреден 20 милиони евра по сезона, но тоа засега не е доволно за да се постигне договор.
Во извештајот се наведува и дека дел од влијателните луѓе во раководството на „кралскиот клуб“ сметаат дека Винисиус треба да биде продаден уште ова лето, наместо Реал да ризикува да го загуби без обештетување во 2027 година.
Тренерот Жозе Мурињо високо ги цени квалитетите на бразилското крило, но наводно нема да се противи доколку клубот донесе одлука да го продаде.
Следната рунда преговори би можела да биде пресудна за иднината на Винисиус Жуниор и да покаже дали ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ или Арсенал ќе добие шанса да реализира еден од најголемите трансфери во последните години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













