Тензијата меѓу фановите на Реал Мадрид и Винисиус Жуниор изгледа нема да исчезне ни во 2026 година, пишува „АС“. Бразилецот се надеваше дека ќе започне со нов лист во новата година и дури испрати порака до навивачите на „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи:
„Нека 2026-та биде неверојатна година. Хала Мадрид засекогаш! Ви благодарам и ве сакам“.
Сепак, ефектот од пораката беше краткотраен, што се покажа на натпреварот против Бетис (5-1).
Против Бетис изгледаше дека приказната за него можеби ќе биде поинаква и делумно така и беше, барем пред почетокот на натпреварот. Кога беше објавено неговото име при претставувањето на почетните состави, речиси и не се слушаа свирежи, иако силната музика на стадионот придонесе тие да останат речиси незабележани. Во првото полувреме тој беше доби аплаузи, бидејќи беше инспириран при првите допири на топката и создаде чисти гол-шанси, вклучувајќи и недосуден пенал од Ернандес Ернандес.
Но, токму тој недосуден пенал му остана како трн во окото, и од тој момент почна да влегува во бесцелни расправии и сè поретко се нудеше во нападот. Недостатокот на интензитет од негова страна при еден дуел стана причина за голот на Бетис за 3-1. Крајниот пораз ја намалува важноста на ова, но Бетис имаше шанса за 3-2, и тогаш сценариото можеше да биде сосема поинакво.
Неговиот настап, надвор од ветувачките први минути, беше летаргичен: создаде само една шанса, далеку од трите на Валверде, Белингам и Родриго, и упати само еден удар кој не беше кон голот. Беше прецизен во дриблинзите (пет успешни од осум обиди), но без влијание врз резултатот.
„Бернабеу“ му го покажа своето мислење кога кон крајот на второто полувреме Чаби Алонсо го замени за да го внесе Арда Ѓулер. Повторно замина со свирежи, овојпат измешани со аплаузи за Родриго, кој истовремено беше заменет, а забележа две асистенции.
Гестот на Винисиус кога виде дека ќе биде заменет беше на мирен, без гневот од претходните моменти: сериозно се ракуваше со Чаби Алонсо и прв се упати кон тунелот по последниот судиски сигнал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













