Connect with us

Винисиус ја реши Бенфика, ПСЖ мина против Монако, а Јуве и Галата играат продолженија (ВИДЕО)

Реал Мадрид по вторпат ја совлада Бенфика, овојпат со 2-1 реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите и со вкупни 3-1 обезбеди пласман во осминафиналето. По драматичниот прв дуел во Лисабон, обележан и со неспортски сцени, „кралевите“ уште еднаш покажаа зрелост и рутински ја затворија работата на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, почетокот не навестуваше лесна вечер за шпанскиот гигант. Бенфика беше поагилна во воведните минути и поведе во 14. минута преку Рафа Силва. Радоста на Португалците траеше кратко – само две минути подоцна Аурелиен Чуамени израмни на 1-1.

До крајот на првото полувреме мрежата на гостите се затресе уште еднаш, кога Арда Ѓулер погоди, но по ВАР-интервенција беше досуден офсајд.

Во вториот дел тимот на Арбелоа контролираше без непотребен ризик, чекајќи ја својата шанса. Кога Бенфика се отвори, следуваше брза транзиција и казна – во 80. минута Винисиус Жуниор реализираше за 2-1, со што ја потврди победата и стави точка на двомечот.

Во првото француско нокаут-дерби во елитното европско натпреварување, понатаму се пласира ПСЖ. Парижани на „Паркот на принцовите“ ремизираа со Монако (2-2) и со вкупни 5-4 го добија двомечот.

„Кнезовите“ во Париз пристигнаа со гол негатива, но во финишот на првото полувреме преку Аклиуш стигнаа до водство (0-1). Сепак, почетокот на вториот дел беше клучен момент – Кулибали за кратко време заработи два жолти картони и беше исклучен.

Бројната предност ПСЖ ја материјализираше со головите на Маркињос и Квича Кварацкелија. Иако Монако во завршницата преку Тезе успеа да се врати во игра, тоа не беше доволно за пресврт, па парижани обезбедија место во осминафиналето.

Јувентус и Галатасарај играат продолженија, откако „старата дама“ со 3-0 ја надомести негативата (2-5) од првиот меч во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови