Connect with us

Винисиус и Бензема донесоа „кралски“ пресврт на „Месталја“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид на чудесен начин оствари победа (1-2) на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија. Домаќинот имаше водство до 85.минута, а потоа Винисиус Жуниор успеа да го израмни резултатот.

Карим Бензема само две минути подоцна со прекрасен удар со глава се погрижи за комплетен пресврт и за триумф на тимот на Карло Анчелоти.

Реал Мадрид по пет кола има четири победи и едно реми и се наоѓа на врвот на табелата во Ла Лига со 13 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови