Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, го имаше последниот збор во расправијата меѓу него и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Бразилецот неколкупати беше провоциран од аргентинскиот стратег со дофрлувања како „Флорентино ќе те продаде“ и „Слушај, публиката повторно те исвиркува“, а двајцата дури беа на чекор до физичка пресметка.
Сепак, на крајот Винисиус го имаше последниот збор, откако Реал го доби натпреварот со 2-1 и се пласираше во финалето на Суперкупот.
По крајот на тензичниот дуел, сè уште под влијание на судирот со Симеоне, Винисиус забележа објава од познатиот новинар Фабрицио Романо. Постот на Инстаграм содржеше видео од моментот на неговата замена и расправијата што следеше.
Бразилецот не се двоумеше да остави коментар со кој стави крај на спорот со аргентинскиот тренер, барем во однос на случувањата во Саудиска Арабија.
Винисиус го искористи моментот за да упати саркастична забелешка кон Чоло, која очигледно ја чувал за последниот судиски свиреж.
„Изгуби уште еден елиминациски дуел 😭😭😭😭“, напиша Бразилецот, придружувајќи ги зборовите со четири емотикони со расплакани лица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













