Винисиус Жуниор и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, и покрај бројните шпекулации околу неговата иднина. Раководството на „кралскиот клуб“ нема намера да се раздели со бразилскиот ас и е убедено дека наскоро ќе биде постигнат договор за продолжување на соработката, пренесува „Скај Спортс“.
Во изминатиот период сериозен интерес за Винисиус покажуваше Арсенал, кој внимателно ја следеше ситуацијата околу неговиот договор. Бразилецот е врзан со Реал до следното лето, што ги охрабри неколку европски гиганти да размислуваат за можен трансфер, но засега заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“ не е реална опција.
Според британскиот медиум, во текот на оваа недела ќе се одржат нови разговори меѓу претставниците на фудбалерот и челниците на Реал Мадрид, со цел да се забрзаат преговорите за нов, долгорочен договор.
Во меѓувреме, тренерот Жозе Мурињо јасно ставил до знаење дека Винисиус е еден од столбовите на неговиот тим и сака Бразилецот да остане меѓу главните ѕвезди на „кралевите“ и во наредните години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













