Се ближи пресудниот момент околу иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид. Бразилската ѕвезда денеска се појави на медицински прегледи во Валдебебас по продолжениот одмор, а во следните денови ќе има средба со тренерот Жозе Мурињо и со раководството на клубот, на која ќе се разговара за неговиот нов договор.
„Веќе подолго време кружат многу информации за еден од најдобрите фудбалери во светот. Во моментов, тој сè уште е играч на Реал Мадрид“, изјави Мурињо, алудирајќи на сè погласните шпекулации за можното заминување на Бразилецот.

Интересно е дека Винисиус Жуниор дојде во Мадрид, но неговиот агент одлета за Лондон. Познато е дека Арсенал е силно заинтересиран за неговите услуги и дека е подготвен да плати 150 милиони евра отштета, а него да го направи најплатен играч во историјата на англискиот фудбал.
Реал Мадрид, наводно, нема намера да ја подобрува понудата што веќе му е доставена на фудбалерот и очекува тој во најкус можен рок да донесе конечна одлука за својата иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













