Винисиус Жуниор, неговите агенти и челниците на Реал Мадрид денес одржаа повеќечасовен состанок на кој единствена тема беше продолжувањето на договорот на бразилската ѕвезда.
Преговорите траат речиси една година, но ниту една од двете страни досега не покажа подготвеност за компромис. Реал претходно му понуди годишна плата од 22 милиони евра, а на денешната средба понудата била подобрена на 23 милиони евра, заедно со 50 проценти од правата на неговиот имиџ.
Сепак, тоа не е доволно за Винисиус. Бразилецот инсистира на плата од 30 милиони евра по сезона и целосна контрола врз комерцијалните права, односно услови какви што има Килијан Мбапе.
Во Реал станале свесни дека интересот на Арсенал е повеќе од сериозен, па од фудбалерот побарале конечно да се изјасни дали ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ или ќе ја продолжи кариерата на друго место.
Пораката од раководството била недвосмислена – никој не е над Реал Мадрид, а актуелната понуда е последната што клубот ќе ја испрати. Покрај тоа, „кралевите“ одбиле да му исплатат и бонус за потпис, што исто така било едно од барањата на Винисиус.
Во меѓувреме, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата. Според шпекулациите, лондонскиот клуб му нуди 25 милиони евра годишно, 100 проценти од правата на имиџот и бонус за потпис, што значително ја подобрува неговата позиција во трката за Бразилецот.
По денешниот состанок, во таборот на „топчиите“ владее голем оптимизам. Спортскиот директор Андреа Берта наводно е убеден дека Винисиус ќе го избере Арсенал и дека сензационалниот трансфер би можел да се реализира уште ова лето.
Сега сè зависи од конечната одлука на бразилската ѕвезда, која би можела да ја одреди својата иднина во наредните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













