Напаѓачот на Бразил, Винисиус Жуниор, постигна прекрасен гол против Мароко, но неговата репрезентација не успеа да стигне до победа и мораше да се задоволи со реми 1-1 во првиот натпревар на Светското првенство 2026.
Фудбалерот на Реал Мадрид призна дека не бил на посакуваното ниво и дека има простор за значително подобрување на својата игра.
„Верувам дека сè уште можам да ја подобрам мојата игра во многу аспекти. Успеав да постигнам гол, но технички не бев на највисокото ниво. Мислам дека можам да напредувам во тој сегмент и да придонесам повеќе во нападот на Бразил, иако многу помогнав во одбраната, каде што сите ја завршивме работата беспрекорно“, изјави Винисиус по натпреварот.
Тој нагласи дека „Селесао“ мора да продолжи да се развива доколку сака да ја освои светската титула.
„Како што веќе кажав, мора да напредуваме и да градиме врз она што го направивме досега, бидејќи ќе ни биде потребна многу подобра игра ако сакаме да го освоиме турнирот“, додаде бразилскиот ас.
Во следното коло Бразил ќе се соочи со Хаити, а натпреварот е закажан за 20 јуни во раните утрински часови.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













