Connect with us

Вини-шоу во Мадрид и Реал е на првата позиција во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари убедлива победа од 4-1 над Реал Сосиедад во 24. коло од Ла Лига.

Со новите три бода, „кралевите“ се искачија на врвот на табелата со 60 поени, два повеќе од Барселона, која во ова коло ќе се соочи со Џирона.

Главна фигура на „Сантијаго Бернабеу“ беше Винисиус Жуниор, кој избори два пенали и двата ги реализираше.

Резултатот беше отворен уште во 5. минута, кога Трент Александер-Арнолд испрати употреблива топка од десната страна, а Гонзало Гарсија прецизно реагираше за водство од 1-0.

Гостите израмнија во 21. минута од пенал, по прекршок на Хаусен врз Јанхел Ерера, а сигурен од белата точка беше Микел Ојарзабал.

Реал повторно поведе само седум минути подоцна, кога Винисиус беше соборен во шеснаесетникот по дуел со Арамбуру и самиот го реализираше пеналот. Во 31. минута, Федерико Валверде со одличен удар од дистанца зголеми на 3-1.

Конечните 4-1 беа поставени во 48. минута, по уште еден пенал врз Винисиус, кој повторно беше прецизен и ја запечати убедливата победа на мадридскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови