Connect with us

Вилјареал со пресврт славеше против Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вилјареал славеа со 2-1 против Валенсија во 25. коло од Ла Лига и останаа цврсто на третата позиција со 51 освоен бод, додека „лилјаците“ се 16-ти со 26 поени.

Гостите први дојдоа до предност во 27. минута. Умар Садик, беше фаулиран во шеснаесетникот, а пеналот сигурно го реализираше Ларзи Рамазани за 0-1.

Сепак, „жолтата подморница“ експресно возврати. Само четири минути подоцна, Санти Комесања се снајде најдобро во казнениот простор и израмни на 1-1.

Во финишот на првото полувреме домаќинот стигна и до целосен пресврт. По играње со рака на дефанзивец на Валенсија беше досуден пенал, а одговорноста ја презеде Папе Геј, кој успеа да го надмудри Столе Димитриевски и го постави конечниот резултат, 2-1.

Во второто полувреме Вилјареал знаеше како да ја сочува предноста и да ги освои трите бода, со што останува во трката за врвот на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови