Connect with us

Вили Орбан ќе пропушти меч за да спаси човечки живот

Капитенот на бундеслигашот Лајпциг, Вили Орбан (30), ќе го пропушти натпреварот против Унион Берлин во 20. коло од Бундес – лигата, што ќе биде негово прво отсуство во сезоната, додека се подготвува да донира коскена срж за да го спаси човечки живот. Унгарскиот дефанзивец влезе на листата на донатори на коскена срж во Германија во 2017 година, откако Лајпциг учествуваше во кампањата.


Орбан неодамна добил известување дека неговото ткиво се совпаѓа со ткивото на пациентот.

Трансплантацијата на матични клетки ги заменува оштетените клетки со нови и се користи за лекување на лимфом и за леукемија. Орбан добил инјекции за зголемување на бројот на матични клетки.


Процедурата во Дрезден ќе трае неколку часа, а лекарите ги советуваат донаторите да мируваат десет дена.


„Бев изненаден кога ја добив информацијата дека како донатор ги исполнувам условите. Никогаш не се сомневав, ова може да спаси човечки живот со многу малку труд. Немаше друга мисла за мене. Се надевам дека мојата донација ќе му помогне на примателот. Секако, можеби ќе го пропуштам натпреварот. Но, дури и со мојата спортска амбиција, фудбалот не е најважната работа“, изјави Вили Орбан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови