Connect with us

Виљареал со триумф на Ваљадолид, Морено со двојна радост (ВИДЕО)

Виљареал им се врати на победите во шпанското првенство откако славеше на гости кај Ваљадолид со 0-2 и останува во трка за едно од местата кои водат во Европа.

„Жолтата подморница“ важеше за фаворит и рутински си ги обезбеди трите бодови кои се од голема важност, а Жерар Морено вечерва имаше одличен натпревар. Во 68. минута од мечот Морено постигна гол за водство од 0-1 со што стана најдобар стрелец на Виљареал во една сезона на Примера. Напаѓачот има 22 погодоци, а со уште два гола тој ќе стане најдобар во сите натпреварувања. Победата на Виљареал ја потврди Капуе во 91. минута.

Во однос на табелата Виљареал сега е седми со 55 бодови, додека Ваљадолид мака мачи за да обезбеди опстанок и се наоѓа во опасната зона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови